УФЦ му пркоси на коронавирусот, најде оригинално решение за организирање на борбите

принтскрин

Иако од ковид-19 досега се заразени повеќе од 1.3 милиони луѓе во целиот свет и спортот речиси целосно е запрен, најмоќната организација за ММА спортот нема намера да се откаже од борбите и се наоѓа пред оригинално решение, приредбите ќе се одржуваат на приватен остров.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, денеска открива дека е многу блиску да обезбеди приватен остров на кој ќе се одржуваат ММА борбите за време на пандемијата на коронавирусот.

Вајт поради пандемијата мораше да одложи три настани, но УФЦ 249 приредбата ќе се одржи на закажаниот термин, 18. април, на нова засега непозната локација. Оригинално УФЦ 249 требаше да се одржи во Њујорк во славната „Медисон Сквер Гарден“ арена.

Ја гледав оваа локација веќе два месеци и ќе ги одржуваме борбите секоја недела. Исто така, се наоѓам само еден до два дена од обезбедување на приватен остров. Во моментов се поставува потребната инфраструктура, така што таму ќе започнам да ги организирам меѓународните борби. Нема да можам да ги донесам сите интернационачни борци во САД па со приватни авиони ќе ги пренесувам на островот каде ќе се борат. На 18. април УФЦ се враќа – изјави Вајт за ТМЗ.

Претседателот на УФЦ исто така изјави дека сите борци, судии и вработени во организацијата на борбите ќе бидат редовно тестирани на коронавирусот.

Главна борба на УФЦ 249 приредбата требаше да биде таа помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон за шампионската титула во лесна категорија. Борбата е откажана бидејќи Нурмагомедов се наоѓа во Русија и не смее да ја напушта државата, па на негово место влета Џастин Гетје.

Хабиб не е виновен што не може да се бори. На вакви работе не можете да се подготвите, не можете дури ниту да сонувате. Лас Вегас комплетно е затворен, ниту едно казино нема да работи месец дена, можеби и подолго. Никогаш не сум мислен дека тоа ќе го видам – додаде Вајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот