УФЦ е првиот спорт кој се врати на голема врата: Гејчи подобар од Фергусон и си закажа дуел со Хабиб (ВИДЕО)

твитер

На УФЦ 249 приредбата која се одржа во Џексонвил, Флорида, пред празни трибини, Џастин Гејчи го победи Тони Фергусон и ја освои привремената титула во лесна категорија.

По два месеци чекање и додека останатиот спорт сè уште е во карантин, модерните гладијатори се вратија во арената, без публика во салата во Џексонвил, но со многу фанови пред малите екрани кои не останаа разочарани.

Гејчи во пресметката со Фергусон влезе како замена за Хабиб Нурмагомедов кој се наоѓа во родната Русија и не смее да ја напушти државата поради пандемијата на коронавирусот.

Гејчи уште од почетокот на борбата го „уништуваше“ Фергусон кој до оваа пресметка имаше серија од 13 победи по ред, е борбата беше прекината во петтата рунда.

Изненадувачки, Гејчи по борбата го фрли појасот и порача дека го сака тој вистинскиот кој мометно е во сопственост на Нурмагомедов.

– Ме интересира само вистинскиот појас. Знаев дека сум добар, дека сум вистински убиец и дека можам ова да го направам. Адреналинот е најдобра дрога, сево ова е плод на напорна работа – изјави Гејчи по победата.

Уште поимпресивен беше Камерунецот Франсис Нгану кој во дуелот на двајцата тешкаши, за само 20 секунди го нокаутира Жаирзињо Розенструк и дефинитивно стана предизвикувач број еден за шампионскиот појас во тешка категорија.

Конасловната борба помеѓу олимпискиот шампион во борење и УФЦ шампин во бантам категорија, Хенри Цехудо и повратникот во октагонот Доминик Круз заврши во втората рунда. Титулата остана во рацете на Цехуси кој во финишот на втората рунда, прво го погоди Круз со удар со колено во главата, а потоа на подот со серија удари го натера судијата да ја прекине борбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот