УФЦ 259: „Полскиот чекан“ подобар од Адесања

epa04432080 Ilir Latifi (L) of Sweden is knocked by Jan Blachowicz of Poland who celebrates winning the light heavyweight MMA bout at the Ultimate Fighting Championship (UFC) gala at the Globe Arena in Stockholm, Sweden, 04 October 2014. EPA/ANDERS WIKLUND SWEDEN OUT

На УФЦ 259 приредбата, во главната борба Јан Блахович ја обрани титулата во полутешка категорија (93 кг.) победувајќи го фаворитот и актуелен шампион во средна категорија (84 кг.) Израел Адесања со едногласна одлука на судиите по пет рунди.

Сите тројца судии победата му ја доделија на „полскиот чекан“ Блахович и тоа со 49:46, 49:45,49:45, а одлучувачки беа шампиoнските рунди кои му припаднаа на Полјакот благодарение на рушењата како и контролата на борбата да дојде до голема победа.

 

Ова воедно беше прв пораз за Израел Адесања во професионалната кариера по 20 победи по ред и тоа во првиот негов меч во полутешка категорија, која не е негова природна категорија. Следниот предизвикувач на Блахович најверојатно ќе биде Бразилецот Гловер Тешеира.

Во борбата за титулата во перолесна категорија во женска конкуренција, шампионката Аманда Нунес во октагонот беше само 123 секунди кои и беа доволни да ја совлада предизвикувачката Меган Андерсон и тоа со „триангл-армбар“. Ова беше втора одбрана на титулата за Нунес во перолесна категорија, а се наоѓа во серија од 12 победи во низа.


Во третата борба за титулата, во бантам категоријата (61 кг.) во машка конкуреција, бизарен кикс го остави Петр Јан без титулата. Имено, Русинот во четвртата рунда упати недозволен удар со колено во главата на Алџамаин Стерлинг по кој борецот од Јамајка не беше во состојба да ја продолжи борбата и Јан заработи дисквалификација и остана без титулата.


Во последните моменти од четвртата рунда, Стерлинг со едното колено беше на земја, а во тие моменти Петр Јан се сврте кон своите тренери да ги праша дали да му зададе удар на противникот и доби потврден одговор. Но, според правилата на УФЦ, кога еден борец со едно колено или рака е на земја, не е дозволено да се удира во главата. Поради тоа Јан заработи дисквалификација иако дотогаш водеше со 2:1 кај судиите и беше на добар пат да ја одбрани титулата. Новиот шампион Стерлинг побара веднаш да следува нова борба со Јан.

Тренинг партнерот на Хабиб Нурмагомедов, Ислам Макачев во третата рунда го натера својот противник Дру Добер да се предаде и најави дека е подготвен да ги предизвика најдобрите борци во лесна категорија.

Српскиот борец Александар Ракиќ со едногласна судиска одлука го совлада поранешниот предизвикувач во полутешка категорија, Тијаго Сантос и е чекор поблиску до напад на титулата која е во сопственост на Блахович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот