УФЦ 284: Махачев го победи Волкановски и остана шампион во лесна категорија

фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Ислам Махачев (31) го победи Александар Волкановски (34) на настанот УФЦ 284 што се одржа во Перт, Австралија и со тоа остана шампион во лесна категорија.

Австралиската публика проследи пет фантастични рунди по кои победата му припадна на фаворизираниот руски борец.

Судиите на крајот бодуваа 49:46 и двапати по 48:47 во корист на Махачев.

Волкановски кој ги брани боите на Австралија беше аутсајдер, но затоа повеќе пати можеше опасно да дојде до победа против Махачев кој со ова славје стигна до рекорд од 24 победи и еден пораз во УФЦ.

Од друга страна, Волкановски кој исто така има 24 победи, го претрпе вториот пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот