твитер

УЕФА бара од федерациите да го одложат крајот на преодниот рок

Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација денеска ги повика националните федерации да го одложат крајот на летниот преоден рок до 5 октомври 2020 година.

Крајниот рок за поднесување апликации за групните фази на турнирите во Европскиот куп-2020/21 е поставен за 6 октомври 2020 година.

Во согласност со ова, Извршниот комитет на УЕФА ги повика сите европски федерации да го одложат крајот на летниот трансфер прозорец до 5 октомври 2020 година – стои во апелот на официјалната веб-страница на организацијата.

Македонските екипи ќе играат по еден натпревар во квалификациите за ЛШ и ЛЕ

Претходно од Фудбалската федерација на Македонија објавија дека согласно Одлуката на Управниот одбор за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории, вклучително и Првата лига, летниот преоден рок ќе трае од 15. јуни до 31. август 2020. година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот