Македонските екипи ќе играат по еден натпревар во квалификациите за ЛШ и ЛЕ

фото: фејсбук/вардар

Македонските клубови кои ќе „добијат дозвола“ од ФФМ да настапат во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, ќе играат по еден натпревар во секое коло.

Со цел да се постигне неопходното одвојување на финалната фаза на сезоната 2019/2020 и да се избегне влијанието на клубовите кои потенцијално би можеле да бидат вклучени во двете фази од натпреварувањето, квалификациските рунди на овие две натпреварувања ќе се состојат од одигрување на еден натпревар.

Единствен исклучок се плеј-оф натпреварите за пласман во ЛШ кога ќе се играат по два натпревари

Календарот за квалификациската фаза и групната фаза за 2020/21 е следен:
УЕФА Лига на Шампиони 2020/21
Претквалификациска рунда: 8. и 11. август
Прва квалификациска рунда: 18/19. август
Втора квалификациска рунда: 25/26. август
Трета квалификациска рунда: 15/16. септември
Плеј-оф: 22/23. и 29/30. септермври

УЕФА Лига на Европа 2020/21
Претквалификациска рунда: 20. август
Прва квалификациска рунда: 27. август
Втора квалификациска рунда: 17. септември
Трета квалификациска рунда: 24 септември
Плеј-оф: 1. октомври

ФФМ која го прекина првенството без да прогласи шампион, а потоа ретерираше преку генералниот секретар Филип Поповски, треба до крајот на месецот да одреди кои екипи ќе играат во квалификациите.

Вардар е лидер на табелата со десет бода предност пред второпласираниот Силекс, но неговиот настап во квалификациите виси поради долговите кои ги имаат „црвено-црните“ и поради тоа имаат проблеми со добивање на лиценца за настап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот