Учесниците во винарскиот сектор може да добијат по 300.000 евра помош

вино

На лозарите, винарниците и на откупувачите на винско грозје, Владата планира  годинава да им дава вонредна парична помош, покрај редовните земјоделски субвенции, а која заедно со субвенциите ќе може да достигне дури и до 300 илјади евра по корисник.

Ова е предвидено во Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од ковид-19 врз производството и откупот на грозје и винската индустрија, што на својата веб страница го претстави Стопанската комора на Македонија, а кој треба да се донесе по скратена постапка.

Финансиската поддршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид 19 се состои од: Поддршка на произведено винско грозје до 18 проценти шеќерни единици кое во периодот од 15 август 2020 година до 31 октомври 2020 година е предадено на регистрирани производители на вино наменето за производи од грозје и вински дестилат во висина од 6 денари по килограм: Поддршка за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2020 година до 31 октомври 2020 е предаденo кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од 2 денари по килограм: Поддршка од 30 проценти за транспортни трошоци за извезено вино во шишиња во периодот од 1 јануари 2020 година до 31 октомври 2020; Поддршка од 20 проценти за транспортни трошоци за извезено наливно вино во периодот од 1 јануари 2020 година до 31 октомври 2020. Исто така предвидена е и поддршка за извезено винско грозје во периодот од 15 август 2020 година до 31 октомври 2020 и тоа: за количини до 12 милиони килограми поддршката во висина од 2 денари по килограм; за количини од 12 до 25 милиони килограми поддршката во висина од 3 денари по килограм и за количини над 25 милиони килограми поддршката во висина од 4 денари по килограм.

Максималната поддршка што може еден корисник да ја оствари согласно овој закон изнесува 18.450.000 денари, а парите добиени над тој износ треба да се вратат, пишува во Предлог-законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот