Фото: Илија Стоилев / Фејсбук

Уапсениот директор е прв човек на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, поранешен министер го пријавил за мито

Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, е уапсен денеска под сомнение за земање мито, во акција што ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), објави „Фокус“. Наводно се работи за земање на мито од страна на директорот од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД.

Стоилев, кој е претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, според неофицијалните информации на порталот, бил пријавен од поранешниот министер за локална самоуправа и за правда во владата на Љубчо Георгиевски, Џевдет Насуфи.

„Фокус“ пишува дека во случајот е вмешана уште една вработена во Агенцијата блиска на актуелниот директор, која наводно била посредникот во целата приказна. Досега наводно се уапсени четворица, а можно било да има уште апсења. Стоилов, според порталот, наводно бил фатен со обележани пари кои ги примил како поткуп.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) најавија дека детали за случајот ќе објават утре.

Истражители ја „тресат“ Агенцијата за поддршка на земјоделството, некој пријавил поткуп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот