Турски или дански предизвик за Jунајтед во Лига Европа

twitter/TNC Football

Работата е во полн ек во Нион, по ждрепката за Лигата на шампионите, се одржа и извлекување на паровите од четвртфиналето и полуфиналето за исходот во Лигата на Европа.

Исто како и во најсилното клупско фудбалско натпреварување во светот, Лигата на Европа ќе се игра според различен систем.

Натпреварите од четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се играат во повеќе германски градови, без присуство на публиката.

Најважниот натпревар што треба да се одигра е во Келн.

Лига Европа, четвртфинале:

Волфсбург / Шахтјор Доњецк – Ајнтрахт / Базел (1)

ЛАСК / Манчестер Јунајтед – Башакшехир / Копенхаген (2)

Интер / Хетафе – Ренџерс / Леверкузен (3)

Олимпијакос / Вулверхемптон – Севиља / Рома (4)

Полуфинале

Победник 4 – Победник 2

Победник 3 – победник 1

Натпреварите од 1/8-финалето се закажани за 5 и 6 август, а четвртфиналето во Германија е закажано за 10 и 11 август.

Да потсетиме, Басакшехир го совлада Копенхаген во првиот натпревар од 1/8-финалето со минимален резултат, Олимпијакос и Вулверхемптон ремизираа 1:1. Ренџерс – Леверкузен 1:3, Волфсбург – Шахтјор 1:2, Ајнтрахт – Базел 0:3, ЛАСК – Манчестер јунајтед 0:5.

Кога станува збор за судирите меѓу Интер – Хетафе, или Севиља – Рома, не беа одиграни ниту првите натпревари, па споменатите екипи ќе одиграат само еден натпревар во 1/8-финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот