Туристички водич ставил 50 евра во пасош, за да им се „идентификува“ на полицајците
Лишен од слобода е туристички водич во автобус, косовски државјанин поради сторено кривично дело „давање поткуп“, информираат од МВР. Денеска во 6 часот и 30 минути на подрачјето на СВР Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки.
Препорачано
Од извршената контрола констатирано е дека автобусот е управуван од страна на Х.У. државјанин на Турција. Од страна на Н.Ц. косовски државјанин кој бил во улога на водич во автобусот била приложена патна исправа за идентификација во која имало банкнота од 50 евра. Н.Ц. е лишен од слобода по член 358 став 1 од Кривичниот законик „давање поткуп“ и е спроведен во полициска станица Крива Паланка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
45мин
-
56мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


