Тунис се збогува со својот прв демократски избран претседател Есебси

Граѓаните на Тунис денеска се збогуваа од својот прв  демократски избран претседател Бежи Каид Есебси, на погребот на кој присуствуваа лидери од Франција, Шпанија, Катар, Алжир и други земји, пренесе ДПА.

Меѓу шефовите на држави и влади на церемонијата се францускиот претседател Емануел Макрон, шпанскиот крал Фелипе Шести, емирот на Катар Тамим бин Хамад

Ал Тани, алжирскиот привремен претседател Абделкадер Бенсалах и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Есебси почина пред два дена, на 92-годишна возраст, речиси пет години откако ја презеде претседателската функција. По неговиот избор, во декември 2014 година, тој постепено Тунис го однесе кон демократија, особено по бунтот што во 2011 година од власта го симна долгогодишниот авторитарен претседател Зин ал Абидин Бен Али и посебно настаните од Арапската пролет.

Ковчегот со телот на Есебси, украсен со државното знаме, беше изложен во сала во претседателската палата во главниот град Тунис, каде блиските и високите чиновници се собара да му одадат последна почит.

Некои од присутните одржаа и кратки говори во спомен на починатиот претседател, по што ковчегот беше качен на воен камион.

Погребната процесија беше следена со гардисти на коњи. По целиот пат до гробиштата беа разместени припадници на безбедносните сили. За време на самиот погреб над нив прелетаа воени хеликоптери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот