Трудницата со рак сепак роди: Му го чувствував чукањето на срцето (ФОТО+ВИДЕО)

принтскрин

Американката Џејд Давис (36) во текот на бременоста добила дијагноза агресивен карцином на дојката. Од докторите била советувана да и ја прекинат бременоста поради лекувањето, но таа тоа одлучно го одбила.

Докторите и кажале дека бебето е премалечко за да го спасуваат, а дека за неа оваа ситуација буквално би значела живот или смрт, питува „The Sun“.

Џејс била бремена само неколку недели кога напипала тврда грутка на својата града. Отишла на доктор, но најпрвин мислеле дека станува збор за некој јазол кој го предизвикале хормоните. Таа не била сигурна во таа проценка.

принтскрин

Им верувала на своите инстинкти и инсистирала на биопсија. Резултатите покажале дека има трипл негативен рак на дојката од втор стадиум.

– Не знаев како да се поставам кон бременоста се додека не ми кажаа дека треба да ја прекинам. Да го игнорирав испитувањето, сега би била мртва, изјави таа пред новинарите.
Ме советуваа на абортус со цел веднаш да можам да започнам со агресивно лекување, но јас не се согласив со тоа. Чувствувала дека во неа нешто се побунило.

– Одлучив да ја задржам бременоста бидејќи не сакав за судбината на моето дете да одлучува странец, вели таа. Таа била префрлена во специјализирана болница каде започнала со хемотерапија.

Неговото срце чукаше. Го чувствував внатре. Се бореше, па и јас морав да се борам, потврди таа.

Се породила во јули. Последните резултати покажале дека ракот не се проширил. Во ноември ја чека последниот циклус на хемотерапија. Самохраната мајка Џејд верува дека само чудо е заслужно за тоа што таа и момчето го преживеале.

принтскрин

– Страшно ми е да се сетам дека мојата бременост имаше елемент на дополнителен страв, но се чувствувам благословено кога ќе го погледнам синот, и ништо повеќе од тоа не можам да барам, додаде таа.

Др. Џук Нам од болницата вели дека таа имала еден од најагресивните видови на рак на дојка.

принтскрин

– Добрата вест е што тој веднаш реагираше на хемотерапијата, истакна докторот. National Breast Cancer Foundation појаснува дека нема посебна причина за појавата на тој вид на карцином. Тој за разлика од останатите видови на тумори, нема рецептори кои им овозможуваат раст од естрогенот, прогестеронот или HER-2/неу генот.

Потешко се лекува бидејќи побрзо се шири, но лекувањето е често многу успешно. Се лекува со хемотерапија која е успешна ако се примени што поскоро и поагресивно. Од него често заболуваат жените со BRCA 1 i BRCA 2 генот како и оние кои веќе преживеале рак на дојка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот