Полиција во Лондон/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Тројца мажи уапсени во Велика Британија под сомнение за шпионажа за Кина

Тројца мажи се уапсени во Велика Британија денеска под сомнение дека помагале на странска разузнавачка служба, спротивно на член 3 од Законот за национална безбедност од 2023 година, соопшти Метрополитен полицијата, објави Скај њуз.

Меѓу уапсените се 39-годишен маж во Лондон, 68-годишен маж и 43-годишен маж во Велс. Сите беа приведени, и се уште се  наоѓаат во притвор.

Истрагата е поврзана со Кина, соопшти полицијата.

-Во последните години видовме значително зголемување на нашата работа поврзана со националната безбедност и продолжуваме тесно да соработуваме со нашите партнери за да ја одржиме земјата безбедна и да преземаме мерки за справување со злонамерни активности кога се сомневаме во нив. Денешните апсења се дел од проактивна истрага и, иако станува збор за сериозни прашања, не веруваме дека постои непосреден ризик за јавноста. Нашата истрага е во тек и ѝ благодариме на јавноста за континуираната поддршка – изјави Хелен Фланаган, началничка на лондонската Команда за борба против тероризмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот