Трогателна автобиографија: Ранлива и сaмокритична, Мира Фурлан не штедела никого

Мира Фурлан/Facebook
Мира Фурлан/Фејсбук

По 12 месеци од прераното заминување на актерката, на 66-годишна возраст, пред читателската публика од вчера е автобиографијата на Мира Фурлан „Сакај ме повеќе од сѐ на светот“.

Издавачката куќа „Бука“ ја објави емотивната автобиографија на Фурлан, во која актерката ги воведува читателите со сопствениот свет, во нејзините интимни драми и размислувања, опишувајќи ги животот и кариерата полни со подеми и падови.

Добитничката на две „Златни арени“ истовремено го оживува времето кое исчезнало во војната, генерацијата и поединците кои верувале во подобар и посреќен свет. Станува збор за емотивна, моќна проза во која го следиме созревањето на младата интелектуалка и животот на актерката која се среќава со лицето и наличјето на славата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @balkanskim.sokakom

Писмо до мојот син

Книгата започнува со писмото од Мира Фурлан до синот Марко:

„Дали ја пишувам оваа книга за тебе? Дали ти би можел да разбереш што се случувало пред тебе? Како би можел да ѕирнеш во далечниот, одамна исчезнат свет од кој потекнале твоите родители? Дали воопшто сакаш да знаеш нешто за тоа? Дали ти треба тој тежок багаж, багажот што мајка ти го носи со себе целиот свој живот, не наоѓајќи начин барем за миг да го остави? Или пишувам за себе, себеси? Зошто? Дали е тоа затоа што „подобро се разбирам самата себе“ обидувајќи се да ја откријам скриената „приказна“ во расфрланиот, нелогичен, хаотичен наратив на мојот живот?“

Отворено ранлива и самокритична, Мира Фурлан без двоумење и не штедејќи никого зборува за својот живот, за лицето и наличјето на славата, за разочарувањата и неправдите што ги доживеала, за апатридите и емигрантскиот живот, како и за колапсот на демократијата и идеалите во денешниот свет.

Емотивната, моќна проза со паметни, духовити и понекогаш цинични согледувања е повеќе од само автобиографија. Тоа е сведоштво за чувството на неприпадност, за тоа што значи да се биде жена на овој свет и за силата што ја дава безусловната љубов.

Со секоја реченица од оваа книга, Мира Фурлан ни покажува дека нејзиниот ненадминат талент и понатаму живее и дека, сосема сигурно, засекогаш ќе живее. Актерката посветила и едно поглавје на непријатностите што ги доживеала како млада уметничка, по една театарска претстава, кога била силувана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mira Furlan (@mirafurlan_)

Талентирана и наградувана

Мира Фурлан, филмска и театарска актерка, е родена во Загреб во 1955 година. На 22-годишна возраст дипломирала на Академијата за драмски уметности во Загреб и набрзо се вработила во Хрватскиот народен театар во Загреб.

Славата ја стекна со улогата на Кејт во серијата „Вело мисто“. „Златна арена“ за најдобра женска улога освои за улогите во филмовите „Киклоп“ (1983) и „Убавината на порокот“ (1986). Светската јавност ја запозна во филмот на Емир Кустурица „Татко на службен пат“.

Кон крајот на 1991 година со сопругот, режисерот Горан Гајиќ, емигрирала во САД, каде што се истакнала со улогите во сериите „Вавилон 5“ и „Изгубени“. Глумела во бројни американски претстави и филмови, а од почетокот на новиот милениум и во филмови и театри во земјите од поранешна Југославија. Авторка е на драмата „Додека смртта не нè раздели“ и на книгата колумни што ги објавувала во Ферал трибјун „Тотална распродажба“.

Од вирусот Западен Нил, кој беше кобен за Мира Фурлан, само 1% од луѓето развиваат тешки симптоми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот