Триумф на Маркез на јубилејната  200. трка во Мото шампионатот

фото:motosport.com

Марк Маркез е победник на трката за Големата награда на Арагон и на најдобар начин го одбележа јубилејот, 200. трка во шампионатот.  Шпанецот беше доминантен во целиот викенд, имаше најдобро време на тренинзите, на вчерашните квлаификации, а на денешната трка немаше потреба да стравува за лидерската позиција бидејќи веднаш направи предност која му овозможи мирно да вози до крајот на трката.

Второто место му припадна на возачот на Дукати, Андреа Довициозо кој на два круга пред крајот го помина Маверик Вињалес од Јамаха. Вињалес додека да се освести од претекнувањето од Довициозо, веднаш беше поминат и од Џек Милер кој на крајот го освои третото место.


Покрај најдобрата тројка, на четвртото место се најде Вињалес, а по него до 10 место се пласираа и Кал Крачлоу, Алеиш Еспаргаро, Валентино Роси, Алекс Ринс и Такаги Накагами.

Следната трка од Мото ГП шампионатот ќе се вози на 6 октомври за Големата награда на Тајланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот