Трикафта пристигна на детската клиника, обезбедена терапија за 12 пациенти

Фото: Министерство за здравство

Со 100 милиони денари набавена е терапија за 12 пациенти со цистична фиброза за следните месеци. Лекот Трикафта е веќе на Универзитетската клиника за детски болести, а министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека дополнително се предвидени 854 милиони денари за лекот, за 2024 и 2025 година, со што во следните две години пациентите со цистична фиброза се обезбедени со терапија.

Пациентите со цистична фиброза, етапно се вклучуваат на терапија, согласно Протоколот и прецизни критериуми на евалуација, се одлучува за добивањето терапија. Листата на пациенти е направена од страна на Стручна Комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање. Лекот Трикафта е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција. Тоа што е многу важно ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив. Лекот во Европа е стандардна терапија за третман на пациенти со цистична фиброза.

Тој на прес-конференцијата одржана во Влада посочи дека бирократските работи не смеат да бидат причина за загрозување на здравјето на граѓаните.

Бирократските работи не смеат да бидат причина за загрозување на здравјето на граѓаните, лекот трикафта е веќе на Универзитетската клиника за детски болести со 100 милиони денари набавена е терапија за следните неколку месеци. Дополнително предвидени се 854 милиони денари за лекот за 2024 и 2025 година, пациентите со цистична фиброза етапно се вклучуваат на терапија, па така согласно протоколот и прецизните кртериуми на еволуацијата се одлучува за добивање на терпија. Листата на пациентите е направена од страна на стручна комисија по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза според бодирање, појасни министерот.

Медицинскиот директор на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ појасни дека е обезбедена терапија за 12 пациенти, а селектирано постепено ќе има вклучување на нови седум пациенти на секои 10 дена.

Информира дека освен тие 12 пациенти кои се веќе на терпија има уште 55 лица и дека за сите тие ќе биде обезбедена терапија во текот на 2024 година.

Оваа количина која сега ја имаме, тоа се 102 дозечни форми на лекот ќе бидат доволни за наредните два до три месеци за продолжување на терапијата кај дванаесетте пациенти кои веќе се вклучени, додека Министерството за здравство не ја обезбеди понатаму останатата терапија, истакна Нацева-Фуштиќ.

Таа додаде дека со ова ќе се подобри квалитетот на животот на овие пациенти и ќе се намали хоспитализацијата.

Верувам дека во 2024 година сите пациенти кои се подобни за терапија, а тоа се пациентите од 12 години и постари ќе бидат ставени на терапија. Верувам дека во наредните години возрасната граница за започнување терапија ќе се намалува, но она што е важно е дека лекот влезе кај нас и ќе биде во континуитет обезбедена терапија за 2024 и 2025 година, изјави Нацева-Фуштиќ.

Фики Гаспар – претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза изрази благодарност и надеж дека ваквите чекори од Владата ќе продолжат и во иднина.

Ете можам да кажам дека за релаитвно краток период покрај сите настани и залагања и на пациентите и на институциите во 2024 и 2025 година ќе се обезбеди модуларторана терапија за сите пациенти од 12 години па нагоре. Денеска голем број на родители и пациенти ќе бидат мирни и нема да стравуваат за нивниот или за животот на нивите деца, порача тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот