Три засилувања за Барселона се сигурни, дали Халанд ќе биде шлагот на тортата?!

epa09034555 FC Barcelona's striker Lionel Messi (2-L) celebrates with teammates after scoring the 3-0 goal during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Elche CF held at Camp Nou stadium, in Barcelona, Spain, 24 February 2021. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Жоан Лапорта ќе се обиде да му ги исполни желбите на својот тренер.

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, и покрај големите финансиски проблеми со кои се соочува каталонскиот тим, се подготвува за летниот преоден рок во кој ќе се обиде да му ги исполни желбите на тренерот Роналд Куман.
Но, покрај засилувањата, Лапорта работи и на намалуваше на трошоците и поради тоа се подготвува листа за отстрел, односно фудбалери кои ќе бидат продадени.
На лето сигурно си заминуваат Самуел Умтити и Тринкао како и Фелипе Кутињо, а од клубот сакаат да се ослободат и од Антоан Гризман кој не ги оправда очекувањата, а парите од нивната продажба би се обиделе да направат спектакуларен трансфер.

Засега Барселона има три засилувања кои се договорени и кои на „Камп Ноу“ ќе пристигнат бесплатно. Џорџино Вајналдум усно ги договорил сите услови со Барселона и по завршување на сезоната со Ливерпул, се очекува да пристигне на „Камп Ноу“.
Младиот дефанзивец на Манчестер сити, Ерик Гарсија, кој потекнува од академијата Ла Масија, веќе има потпишано преддоговор со Барселона, додека третиот играч кој на лето треба да пристигне е Мемфис Депај.

Холандскиот репрезентативец уште минатото лето беше пред договор со Барселона, но поради финансиската криза тој трансфер пропадна. Но, тренерот Роналд Куман инсистира на негов ангажман и најверојатно Лапорта ќе му ја исполни оваа желба бидејќи фудбалерот на лето ќе биде слободен играч и без обесштетување ќе може да пристигне на „Камп Ноу“.

Главна цел на Лапорта во летниот преоден рок ќе биде напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, но неговиот трансфер ќе зависи од продажбата на Гризман и Кутињо.
Во Барселона се подготвени да ги продадат Гризман и Кутињо за далеку помала сума од таа која ја платија (120-140 милиони евра) и со парите од тие трансфери ќе се обидат да го убедат Халанд да потпише за каталонскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот