Три дена го нема внукот на Љубе Бошкоски, блиските се сомневаат дека е киднапиран

Љубе Бошкоски / Фото: EPA/ROBERT VOS

На социјалните мрежи вчера беше објавен апел за пронаоѓање на Самоил Костадиновски, внук на политичарот Љубе Бошкоски. На 26-годишниот Самоил, според сведочењата пред три дена му се губи трага кај Амбасадата на Чешка  во Скопје, а полицијата соопшти дека работи на расчистување на случајот.

Сопругата на Бошкоски, Виолета за ММС ја потврди веста и раскажа дека се работи за нејзин внук од брат.

Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, каде што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имало тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката Амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен, изјави Бошкоска.

Таа додаде дека семејството сè уште не ја знае причината за неговото киднапирање и оти Самоил не зборувал дома дали има проблеми.

Случајот вчера го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

„На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26)“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР велат дека преземаат мерки за да се пронајде момчето.

 

Се бара исчезнато момче од Скопје, братот пријавил во полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот