Трет пораз на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот
Македонската тениска репрезентација претрпе трет пораз во групата Б во рамки на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. На мечевите што се играат во Бања Лука македонскиот тим загуби со 3:0 од селекцијата на Јужна Африка.
Препорачано
Во првиот меч Јана Божиновска загуби од Изабела Кругер со 2:0 во сетови (6:0 и 6:1).
Голема борба и меч што траеше 135 минути одиграа Сара Митевска и Џени Ван Зил. Првиот сет македонската тенисерка го загуби во тајбрејкот – 7:6, а на поени беше 7:5.
Неизвесноста во мечот продолжи и во следниот сет кога 15-годишната Митевска одигра уште еден квалитетен сет, но нешто поискусната противничка го доби сетот со 7:5, а со тоа и мечот со 2:0 во сетови.
Во последниот меч во двојки за Македонија настапија Сара Митевска и Зара Зафировска и беа совладани од Алегра Ван дер Валт и Абигајел Валосо со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3).
Во вториот меч од четвртото коло Мароко го победи Египет со 2:1. Во петок во последниот дуел Македонија ќе игра со Мароко.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


