Тренерот на Шкупи, Арслан: Резултатот не е реален
Шкупи има негатива од 0:2 против Левски Софија по првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Препорачано
Чаирчани ќе имаат тешка задача на реваншот кој ќе се игра на 3 август, а според тренерот на Шкупи, Џихат Арслан, резултатот од мечот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје не е реален.
– Имавме три добри шанси во првото полувреме. Еден лош удар кој се претвори во додавање му донесе предност на Левски. Задоволен сум од односот на моите играчи, покажаа ентузијазам. Жал ми е за вториот гол, работевме многу на корнерите, но имаше пад на концентрацијата во последните секунди – вели Арслан.
Стратегот на Шкупи се надека ќе се исправат грешките на возвратниот дуел.
– Честитки за Левски, но резултатот од овој натпревар не е реален. Би сакал да дадам и коментар за судијата. Како може судијата да биде од Израел, знаејќи дека следниот наш противник треба да биде од Литванија или Израел. Резултатот не е во наша полза, но не се предаваме. Во Софија повторно ќе играме добро и ќе ги исправиме грешките – рече Арслан.
Фудбалерот на Левски Димитров по мечот во Скопје: Видовте како се игра на оваа „нива со компири“


