Трансфер за историја: Новиот клуб на Халанд плаќа 450 милиони евра!?

Ерлинг Халанд би можел следното лето да се пресели во ПСЖ/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Сè поизвесно е дека во текот на летниот преоден рок се очекува најголема ѕвезда да биде Ерлинг Халанд од редовите на Борусија Дортмунд.

На бундеслигашот не му оди најдобро оваа сезона, далеку е од борба за титулата во Бундеслигата, го загуби првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а не е добра ниту финансиската состојба.

Дури и доколку „милионерите“ играат подобро во наредниот период, тешко дека Халанд ќе остане  и следната сезона, а како што вели познатиот италијански агент на Норвежанецот, Мино Рајола, огромни се барањата за секој што покажува интерес.

Агентот на Халанд сака неговиот клиент да биде најплатениот фудбалер во светот со 58 милиони евра годишна нето заработка, или над милион евра на неделно ниво. Оваа бројка е нешто што малку клубови можат да го прифатат, особено во времето на пандемија, кога голем дел од приходите од комерцијални предмети е запрен.

Покрај тоа, Рајола сака минимален петгодишен договор за Халанд, што би значело околу 450 милиони евра вкупно трошоци, доколку не се земат предвид бонусите. Европските медиуми јавуваат дека заинтересирани се екипите од Манчестер, Сити и Јунајтед, како и ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона. Исто така, се наведува дека претставниците на шпанските клубови останале во шок, кога овие барања им биле доставени на состанокот пред нешто повеќе од една недела.

ФОТО: Халанд е најбрзиот фудбалер во Бундеслигата!

Доколку некој од клубовите каже „да“, Халанд ќе го симне Лионел Меси од врвот на списокот на најплатени фудбалери во светот. Од ова може евентуално да има корист и Борусија Дортмунд, која не сака да го пушти без 150 милиони евра обештетување, што е двојно повеќе од излезната клаузула, која нема да се активира до следното лето.

20-годишниот напаѓач нема постигнато гол на последните шест натпревари, но тој има импресивни бројки оваа сезона, 39 погодоци на 42 натпревари за клубот и репрезентацијата. Да потсетиме, тој пристигна во Дортмунд на почетокот на 2020 година, во трансфер „тежок“ 20 милиони евра од редовите на Салцбург.

Едно е сигурно, Халанд нема да игра за Барселона бидејќи Рајола го барал невозможното

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот