Едно е сигурно, Халанд нема да игра за Барселона бидејќи Рајола го барал невозможното

фото: EPA-EFE/

Мино Рајола заедно со Алф-Инге Халанд на 1. Април имаа средба со претседателите на Барселона и на Реал Мадрид, Жоан Лапорта и Флорентино Перез, а контроверзниот агент пред почетокот на сезоната започна со својата мисија, да ја крене цената на својот клиент, Ерлинг Халанд.
Каталонскиот новинар Жерар Ромеро, кој не греши кога станува збор за информации поврзани со Барселона, ги откри деталите од состанокот на Лапорта со Рајола и таткото на фудбалерот.
Звучи неверојанто, но Рајола на Лапорта му порачал дека за трансферот на Халанд во Барселона потребно е:
– 20 милиони евра провизија за него
– 20 милиони евра провизија за таткото на фудбалерот
– 30 милиони евра нето плата за Ерлинг Халанд
– Меси да остане во Барселона
– да се плати обесштетувањето кое ќе го побара Борусија Дортмунд.

Доколку се точни овие наводи, речиси сигурно е дека Барселона нема да биде идниот клуб на Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот