19.8 C
Скопје

ФОТО: Халанд е најбрзиот фудбалер во Бундеслигата!

Ретко кој играч може да му парира на одличниот Норвежанец во дресот на Борусија Дортмунд кога станува збор за брзината.

20-годишниот голгетер Ерлинг Халанд и вчера демонстрираше една од неговите посилни карактеристики. На дуелот против Штутгарт, достигна брзина од дури 36,04 км на час, што е рекорд оваа сезона во Бундеслигата.

Најдобриот играч на „жолто-црните“ на тој начин ги остави зад себе Маркус Турам (35,97 км на час) и Алфонсо Дејвис (35,95 км на час).

„Милионерите“ триумфираа со 2:3, а интересно е што Халанд не ја тресеше мрежата, туку асистираше на победничкиот гол.

Од друга страна норвешкиот репрезентативец не е ниту „близу“ до рекордот на Килијан Мбапе (ПСЖ), кој пред две години имаше неверојатна брзина од 38 км на час.

ВИДЕО: Неверојатно, судијата го запре Халанд и му побара автограм!

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар