Американски војници
Американски војници / Фото: EPA-EFE/Darek Delmanowicz

Трамп рече дека Америка ќе прати дополнителни 5.000 војници во Полска

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, една недела откако Пентагон го откажа планираното распоредување на 4.000 војници во земјата, објави „Би-би-си“.

Во објава на „Трут соушл“, Трамп напиша дека одлуката се темели на односите на САД со полскиот претседател Карол Навроцки, кого го поддржа за време на претседателските избори минатата година.

Американскиот претседател не даде повеќе детали дали дополнителните војници се дел од претходно планираното распоредување или станува збор за друга операција.

Белата куќа во последните недели сигнализира дека има намера да го намали вкупниот број американски војници во Европа, како дел од агендата „Америка на прво место“.

Америка ќе повлече околу 5.000 војници од Германија, објави Пентагон

Претходно овој месец, САД, исто така, објавија дека ќе повлечат 5.000 војници од Германија, по спорот меѓу Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц околу војната со Иран.

Трамп претходно го критикуваше Мерц поради неговата сугестија дека САД биле „понижени“ од иранските преговарачи.

Не е јасно дали дополнителните војници за Полска се дел од оние што се повлекуваат од Германија или станува збор за посебна група.

Трамп, исто така, ги критикуваше сојузниците на Вашингтон во НАТО поради нивната неподготвеност да им се приклучат на САД во притисокот врз Иран околу Ормускиот Теснец.

Руте бара членките на НАТО да ја поделат „сметката“ за Украина на фер начин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот