Руте бара членките на НАТО да ја поделат „сметката“ за Украина на фер начин
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека сојузниците во НАТО не придонесуваат рамномерно во поддршката за Украина, при што некои земји не прават доволно, пренесе „Анадолија“.
Препорачано
Говорејќи на прес-конференција заедно со шведскиот премиер Улф Кристерсон, Руте рече дека поддршката за Украина останува нерамномерна во рамките на Алијансата, која има 32 членки.
— Има ограничен број земји, меѓу кои и Шведска, кои навистина даваат повеќе од очекуваното во однос на поддршката за Украина — изјави тој.
Руте додаде дека Канада, Германија, Холандија, Данска и Норвешка се меѓу земјите што даваат голем придонес, но нагласи дека „многумина сè уште не прават доволно“, посочувајќи на, како што рече, продолжената нерамнотежа во распределбата на товарот во НАТО.
Генесекот на НАТО рече дека предложил сојузниците да се обврзат да издвојуваат околу 0,25 отсто од бруто-домашниот производ за поддршка поврзана со Украина, но призна дека предлогот не добил едногласна поддршка меѓу земјите членки.
— Но, барем ја започна дебатата меѓу сојузниците — изјави тој, додавајќи дека дискусијата сега „интензивно се води во НАТО“.
Билансот на мртви од руските напади на Киев се искачи на 24, од кои три се деца
Руте оцени дека ако сојузниците се согласуваат дека Украина мора да остане силна и да се движи кон одржлив мир, тогаш поддршката треба да биде порамномерно распределена во рамките на Алијансата.
Тој а потврди и одвраќачката позиција на НАТО, велејќи дека посветеноста на Алијансата да ја брани секоја земја членка останува „апсолутна“, притоа предупредувајќи на „разорен одговор“ на каков било напад врз територија на НАТО.
Руте додаде дека зголемените одбранбени трошоци на европските сојузници и на Канада помагаат да се намали прекумерната зависност од кој било поединечен сојузник, особено од САД, опишувајќи ја промената како дел од пошироките напори за зајакнување на европските одбранбени капацитети.
— Тоа е неопходно зашто, на крајот, не можеме да бидеме прекумерно зависни, а продолжувањето на прекумерната зависност од еден сојузник едноставно не е здраво — додаде тој.


