Билансот на мртви од руските напади на Киев се искачи на 24, од кои три се деца
Во Дарницкиот реон на Киев е завршена потрагата и спасувачката операција. Таа траеше повеќе од 28 часа. Во моментов е потврдена смртта на 24 лица, од кои три се деца. Повредени се 48 лица, соопшти на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко, откако два дена траеше расчистувањето на урнатините по руските напади врз главниот град на Украина.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој соопшти дека спасувачите расчистиле повеќе од три илјади кубни метри урната конструкција.
„Речиси 400 луѓе добија помош од психолозите на Државната служба за вонредни состојби и Националната полиција, кои на местото на трагедијата ги советуваа и поддржуваа настраданите и нивните најблиски. Единиците на Државната служба за вонредни состојби преминаа на итни активности за обнова“, соопшти тој.
ВИДЕО | Спасувачи извлекуваат затрупани луѓе под урнатините во Киев по масовните руски напади
Денес во Киев е прогласен Ден на жалост за загинатите како последица на масовниот руски напад.
„Знамињата на сите општински згради ќе бидат спуштени на половина копје, а истото е препорачано и за знамињата на приватните објекти. Дополнително, на 15 мај во градот се забранети сите забавни настани“, информираше Кличко.
Во текот на ноќта меѓу 13 и 14 мај, Русија изврши комбиниран напад врз Киев. Таргетирајќи го Киев и други градови со стотици дронови, Русија го изврши најголемиот воздушен напад од почетокот на војната во Украина во период од два дена, соопштија украинските власти.
Макрон: Русија со нападите врз цивили ја покажува својата слабост


