Руски напади во Киев / Фото: Министерство за надворешни работи на Украина / Фејсбук

Макрон: Русија со нападите врз цивили ја покажува својата слабост

Со лансирањето нов масивен напад со дронови и проектили врз украинските градови и цивили, најголем во последните четири години, Русија дополнително го влошува злосторството на својата агресија, напиша Емануел Макрон, претседателот на Франција, на платформата Х.

Според него, Русија го покажува лицемерието со кое преговарала за кревкото примирје во последните денови. Тој наведува дека со бомбардирањето на цивили, Русија не ја демонстрира својата сила, туку својата слабост, бидејќи нема решенија на военото поле и не знае како да ја заврши својата агресивна војна.

„Франција стои покрај Украина и украинскиот народ и ќе продолжи да се мобилизира за да се постигне прекин на непријателствата и да се донесе праведен и траен мир за Украина, кој ќе ја гарантира нејзината безбедност и безбедноста на Европа“, објави тој.

Русија во изминативе два денови изврши масовен напад врз Украина, еден од најголемите од почетокот на војната. До попладнето имаше седум, а доцна вечерва медиумите од Украина информираат за најмалку 16 мртви, вклучувајќи и деца, а над 50 повредени.

Билансот постојано се менува бидејќи украинските служби наоѓаат нови мртви тела или преживеани под урнатите згради.

Утре е прогласен Ден на жалост во Киев, најпогодениот град во нападите.

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Киев утре е Ден на жалост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот