Трамп барал од министерот за правда да објави дека „изборите во 2020-та биле наместени“

Фото: EPA-EFE/SHEALAH CRAIGHEAD / WHITE HOUSE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Поранешниот заменик на државниот обвинител на САД предал докази на Конгресот дека поранешниот претседател Доналд Трамп имал влијание врз првите лица во Министерството за правда, барајќи од нив да објават дека претседателските избори во 2020 година биле лажирани, јави Вашингтон пост.

„Само кажи дека изборите се корумпирани, плус остави сè друго на мене“ му кажал Трамп на тогашниот вршител на должност државен обвинител Џефри Роузен. Во САД, државниот обвинител истовремено ја извршува и функцијата министер за правда.

Белешките се предадени од заменикот Ричард Донохју, кој го слушнал разговорот меѓу Трамп и Роузен. Ова е уште еден доказ дека при крајот на 2020 година експретседателот се обидувал да влијае на резултатот од изборите и да ја оспори победата на противкандидатот Џо Бајден, коментира весникот.

Во еден разговор на 27 декември, како што стои во белешката Роузен му рекол на Трамп „не можам + нема да плеснам со прстите + да го променам резултатот од изборите”.

Претседателот одговорил дека сака од министерството „само да каже изборите се корумпирани + остави сè друго на мене и републиканските конгресмени“, пишува во забелешката замена од Донохју.

Остра реакција на демократите

Демократите веднаш реагираа на овој најнов доказ за дејствата на Трамп да успее во напорите за поништување на изборите.

„Ова покажува дека претседателот Трамп директно давал инструкции на првите луѓе од нашето Министерство правда во последните денови од неговото претседателство да преземат чекори да се поништат едни слободни и фер избори“ изјави Каролин Малоуни, претседателка на Комитетот за надзор и реформа на Претставничкиот дом.

Републиканците сè уште не го коментирале објавувањето на забелешките.

По немилите настани со упадот на насилна толпа во Капитолот на САД на 6 јануари, инспирирана од повиците на Трамп дека изборите наводно биле фалсификувани, тој потоа беше отповикан од Претставничкиот дом, раководен од демократите.

Почнаа сослушувањата за упадот во Капитол, се очекува да се обелоденат досега невидени снимки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот