Почнаа сослушувањата за упадот во Капитол, се очекува да се обелоденат досега невидени снимки

Фото: EPA-EFE/VARIOUS

Избраната конгресна Комисија за упадот во американскиот Капитол на 6 јануари ги почна првите сослушувања. За денеска закажани се сведочења на четворица полицајци, двајца од полицијата на Капитолот, двајца од полицијата на дистриктот Колумбија. 

Сите четворица службени лица биле во служба на 6 јануари и моментално сведочат за физичките и вербалните напади што ги доживеале тој ден. Во наредните денови се очекува да се обелоденат досега неемитувани снимки од нападот на Капитолот на приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп 

Претседателот на комисијата. Бени Томпсон, демократ од Мисисипи, во емотивно воведно излагање зборуваше за загрозената демократија на САД и ги критикуваше оние кои ја негираат значајнастоа на тоа што се случи на 6 јануари. 

-Некои луѓе се обидуваат да го порекнат тоа што се случи. Да го исперат. Востанициите да ги направат маченици. Но цел свет виде што се случи на 6 јануари. Бесилки поставени таму на (Националната) алеја. Знамето на овој прв неуспешен и осрамотен бунт против нашиот сојуз, беше парадирано низ Капитолот. Омразата, фанатизмот, насилството, кажа конгресменот Томпсон. 

Додаде дека сето тоа било „за лага. За злобна лага. Треба да е јасно… како и зошто големата лага била постепено гноена. Треба да знаеме, како 6 јануари се одвиваше, од минута во минута. Треба да знаеме како трулата лага зад 6 јануари продолжи да се шири и да ги крми силите кои би ја поткопале американската демократија”. 

Конгресменката Лиз Чејни, републиканка од Вајоминг, еден од двајцата претставници на Републиканската партија поставени во комисијата од спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, истакна дека панелот мора да ги разгледа дејствијата тој ден на поранешниот претседател Доналд Трамп. 

-Не можеме да оставиме насилството од 6 јануари и неговите причини да не бидат истражени. Мора да знаеме што се случило тука во Капитолот. Исто така, мора да знаеме што се случувало секоја минута и секој ден во Белата куќа. Секој телефонски повик, секоја средба кои воделе кон, во текот и после нападот… Чесните мажи и жени мора имаат обврска да истапат. Ако оние одговорните не се повикаат на одговорност, и ако Конгресот не дејствува одговорно, тоа ќе остане како рак на нашата уставна република, рече Чејни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот