Трагичарот Душебаев: Многу боли…

Киелце загуби во финалето во ракометната ЛШ од Барселона/фото: EPA-EFE/ULRICH HUFNAGEL

Ракометарите на Киелце загубија во супер драматичното финале во Лигата на шампионите од Барселона, по пенал рулетот, а трагичар е Алекс Душебаев кој единствен го промаши ударот до седум метри во пенал серијата.

Шутот на поранешниот ракометар на Вардар го одбрани Гонзало Перез де Варгас, а 24 часа по болниот пораз, Душебаев се обрати до навивачите на полскиот тим прекѕ социјалните мрежи.

– Се уште ми е тешко да ги пронајдам вистинските зборови. Се уште многу боли, но овој тим го преброди ова и ќе се обиде повторно да дојде до титулата. Денеска, повеќе од кога било, се чувствувам горд на тимот. Ви благодарам за поддршката – напиша Душебаев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот