Трагедија во руска болница: Девет пациенти болни од ковид починаа поради дефект на доводот на кислород

Русија ковид-19
Русија со рекордеен број заболени од ковид-19 / Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Девет лица заболени од ковид-19 починаа во болница во Владикавказ на југот од Русија поради хаварија на цевките со кислород, објавија руските медиуми.

Прес службата од регионот наведе дека на одделението за интензивна нега биле 71 лице, пренесува РИА новости, а ТАСС известува дека 9 пациенти заболени од коронавирус починале поради недостаток на кислород.

Согласно договорот на регионалните власти со Министерството за одбрана сите градски болници требало да се снабдуваат со кислород од градот Моздок, кој е на околу 80 километри оддалечен од Владикавказ.

– Медицинскиот персонал почнал да ги поврзува пациентите кои биле на респираторот со доводот на кислород. Почнаа да пристигнуваат резервоари со кислород, рече вршителот на должност шеф на Северна Осетија, Сергеј Менјаило.

Руското сојузно здравствено надзорно тело Росдравнадзор ќе го истражи случајот, пренесе Интерфакс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот