Трагедија: Спринтер од Бахамите застрелан пред ноќен клуб

Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Спринтерот од Бахамите, Шавез Харт е убиен во саботата вечерта шред ноќен клуб откако претходно дошло до физичка пресметка со непознати лица во Абако.

Според медиумите во Бахамите, две групи на момчиња се степале на паркингот пред дискотека,  по што инцидентот се претворил во трагедија кога еден од нив извадил пиштол и почнал да пука. Харт бил погоден во градите, а брзата помош која пристигнала на местото не успеала да го спаси животот на спринтерот.

– Брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќата, но не успеала да пронајде знаци на живот кај застреланиот спортист. Осомничениот е уапсен и му е одреден притвор – соопшти полицијата во Абако.

Несреќниот Шавез Харт за два дена, на 6 септември, требаше да го прослави 30-тиот роденден. Тој беше третиот најбрз спринтер од Бахамите со време од 10,10 секунди да 100 метри. На Светското првенство во атлетика во Портланд 2016 година го освои сребрениот медал во штафетната трка на 4х400 метри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот