Традиционална крводарителска акција по повод 26 Јули “ЗА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ, ДАРУВАЈ КРВ- БИДИ ХУМАН ! ”

krvodaritelska

Црвен крст на град Скопје, со поддршка на Општинска организација на Црвен крст Кисела Вода и во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина традиционално, на 26 Јули ќе организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, но и во знак на покажаната солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани.

 Крводарителската акција ќе се одвива на 26 Јули во периодот од 09:00-17:00 часот во Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје кој се наоѓа во ДХО Даре Џамбаз.

Станува збор за крводарителска акција која е веќе препознатлива и е посетена од голем број граѓани.

 Од Црвениот крст велат дека со оваа акција, се придонесува кон долгорочната цел на организацијата- непречено снабдување со крв и крвни продукти, како и придонес во промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот