фото: facebook.com/Macedonian Canoe Federation

Традиционалниот Кајак слалом ИКАС се одложува и ќе се одржи во септември

Организацискиот одбор на ИКАС информира дека 57 издание на натпреварот, кое беше планирано да се одржи на 18–19 април 2026 година, се одложува и ќе се одржи во месец септември.

Одлуката е донесена поради технички причини, односно тековен ремонт на една од турбините на ХЕЦ Матка, што оневозможува обезбедување доволен и стабилен проток на вода на натпреварувачката патека, што е неопходно за безбедно и регуларно одвивање на натпреварот.

Традиционалниот Кајак слалом ИКАС и оваа година има статус на натпревар кој носи бодови за светската ранг-листа, со што останува значаен дел од меѓународниот спортски календар.

Дел од учесниците, екипите и техничките лица веќе имаа направено резервации за сместување и авионски билети, кои се одложуваат и се префрлаат за новиот термин во септември.

Организацискиот одбор, заедно со сите надлежни институции, ќе преземе сите потребни активности за во септември ИКАС да се одржи во уште подобри услови, со поголема масовност и поквалитетна организација.

Министерството за спорт и оваа година ја потврдува својата финансиска поддршка за реализација на ИКАС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот