Франческо Тоти/EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Тоти го израдува Рим: Рома е мој дом, разговараме за детали

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, е пред враќање на „Олимпико“, овојпат во поинаква, функционерска улога.

Иако сè уште не се открива каква позиција би можел да преземе, Тоти потврди дека разговорите се во завршна фаза и дека договорот е блиску.

„За мене Рома е мојот дом, секогаш била, дури и кога не бев таму. Во последно време кружат разни гласини. Вистината е дека разговараме за одредени детали и се обидуваме да одлучиме што е најдобро за сите. Се надевам дека наскоро ќе ја затвориме оваа приказна“, изјави Тоти.

„Принцот на Рим“ целата своја кариера ја мина во дресот на Рома, оставајќи неизбришлива трага, тој е рекордер е по број на настапи (786) и постигнати голови (307). Со римската „волчица“ ја освои шампионската титула во 2001 година, двапати триумфираше во Купот на Италија (2007, 2008) и двапати во Суперкупот (2001, 2007).

По пензионирањето во 2017 година, Тоти стана дел од управата на клубот, но во јуни 2019 си замина по несогласувањата со тогашниот сопственик Џејмс Палота. Сега, шест години подоцна, Рома и Тоти повторно се на прагот да ја обноват својата нераскинлива врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот