Тотенхем го освои „Ауди купот“ (ВИДЕО)

twitter.com/Spurs_MAS

Баварците трипати го освојувале овој трофеј, додека по еднаш освен Тотенхем беа најдобри Барселона и Атлетико Мадрид пред две години.

Тотенхем поведе во 19 минута со голот на Ламела и со резултат 1:0 се замина на пауза. Менаџерот Покетино направи осум замени на стартот од вториот дел, а во 59 минута Ериксен ја зголеми предноста од белата точка.

Арп од контра намали на 2:1, додека Алфонсо Дејвис од скоро 25 метри израмни во 82 минута од средбата.

Во пенал серијата прецизни за премиерлигашот беа Алвдервирелд, Кејн, Сон, Ролс, Скип и Танганга, а кај бундеслигашот стрелаа Алкантара, Милер, Санчес, Левандовски и Синг.

Претходно во битката за третата позиција на турнирот Реал Мадрид го совлада Фенербахче (5:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот