„Кралевите“ славеа во натпревар со осум гола (ВИДЕО)

twitter.com/realmadrid

Реал во вториот дел успеа да им обезбеди радост на своите навивачи против турскиот гигант.

После поразите летово од Тотенхем (1:0) и Атлетико Мадрид (7:3), Реал им се врати на победите, откако со 5:3 го совладаа составот на Фенербахче.

Во првото полувреме (2:2), поведоа Турците со погодокот на Родригес, па „кралевите“ се погрижија за пресврт со двата гола на Бензема, а за нов егал на средбата стрелаше Дирар.

Бензема го комплетираше хет-трикот во 53 минута, а во 59-та израмни Туфан после асистенцијата на Потук.

Победата за „кралевите“ ја донесоа Начо во 62 минута и Мариано во 80 минута од дуелот одигран на „Алијанц“ арената. За трофејот на овој традиционален турнир од 20.30 часот ќе играат екипите на Тотенхем и Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот