Тортилја со фил од јајце, шунка и кашкавал: Појадок готов за 10 минути

Фото: Delo-vcusa.ru

Никој не сака кога ќе стане и ќе почувствува глад, да поминува многу време за подготвување јадење, затоа овој оброк е совршен избор за вас.

Состојки:

– 1 тортилја
– 3 јајца
– 4 парчиња шунка или коцкички шунка
– малку кашкавал
– еден среден домат
– малку свежа краставица
– сол
– малку масло

Подготовка:

Овој појадок е многу едноставен за подготовка и бара само правилно распоредување на состојките.

На малку масло пропржете ја шунката, па врз неа искршете ги јајцата и малку измешајте ги за побрзо да се испржат. Потоа, ставете го кашкавалот врз јајцата и шунката.

Потоа, сè преклопете со тортилјата и по неколку минути свртете ја тортилјата заедно со состојките. Додајте ги доматот и краставицата, малку посолете, па тортилјата со смесата свиткајте ја во ролат.

Имате подготвен појадок!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот