Топлотен бран во Грција/Фото: EPA/GEORGE VITSARAS

Топлотен бран во Грција, се очекува температура до 44 степени Целзиусови

Од денес до петок, Грција влегува во исклучително жежок топлотен бран, со температури над 40 степени Целзиусови, а на некои места ќе достигнуат и до 43-44 степени Целзиусови.

Во изјави за грчката новинска агенција АНА, директорот за истражување на Националната опсерваторија во Атина (НОА), Костас Лагувардос, објасни дека почетниот бран високи температури започнал минатата недела, при што температурите достигнале 37 степени Целзиусови, и дека втората, поинтензивна фаза ќе трае приближно шест дена пред постепено заладување во некои делови од Грција следната сабота.

Според Лагувардо, највисоките температури ќе бидат во вторник, среда и четврток, а би можеле да се продолжат и до петок, иако максималните температури ќе зависат и од моделите на ветерот.

„Според прогнозните податоци, гледајќи ги температурните карактеристики на топлите воздушни маси што ги очекуваме, во некои области може да бидеме блиску до екстремни временски услови“, забележа тој.

Највисоки температури се очекуваат во Тесалија, делови од Централна Македонија и Тракија, како и во некои делови од Пелопонез, источна Централна Грција, вклучувајќи ја и Атика.

Дополнителен предизвик ќе бидат постојано високите температури ноќе, што ќе го зголеми топлотниот стрес.

Лагувардос нагласи дека температурите во текот на изминатата недела останале околу 30 степени Целзиусови до раните утрински часови во некои области на Атика, особено во централните и јужните области.

Метеорологот на НОА, Страврос Дафис, потврди дека се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови и да бидат блиску до 35 степени дури и на надморски височини до 800 метри, а да се искачат на 25-26°C дури и на надморски височини поголеми од 1.500 метри во текот на следната недела.

Според професорката Клеа Кацугијани од Националниот и Каподистриски универзитет во Атина и професорка по јавно здравје на Империјал колеџ во Лондон, високите температури можат да доведат до повисоки стапки на смртност.

„Ако не преземеме мерки за ублажување и прилагодување кон климатските промени, ќе имаме многу сериозни здравствени последици“, истакна таа.

Повикувајќи се на студија објавена во „Nature Medicine“, таа рече дека Атина е еден од 10-те европски градови кои се изложени на ризик од големо зголемување на бројот на смртни случаи поради зголемувањето на температурите до крајот на векот доколку не се преземат мерки за ограничување на климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот