Том Брејди потпиша договор од 375 милиони долари

том брејди
Том Брејди ќе биде аналитичар на „Фокс Спортс“/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

НФЛ легендата Том Брејди потпиша договор на 10 години вреден 375 милиони долари со „Фокс Спортс“.

Славниот „квотербек“ кој имаше богата кариера како играч, ќе биде аналитичар на оваа американска телевизија, односно ќе биде најскапо платен аналитичар на светот.

– Том не само што ќе ги покрива најголемите НФЛ натпревари заедно со Кевин Буркхард, туку ќе ја има улогата на амбасадор и ќе промовира различни настани.

Чест ни е што ја прифати нашата понуда – велат на официјалниот сајт на неговиот иден работодавец.

Иако веќе има 44 години, Брејди одлучи да игра барем уште една сезона во НФЛ, иако претходно објави дека ќе ја заврши кариерата.

„Возбуден сум, но сè уште имам недовршена работа со Тампа Беј Баканиерс – рече Брејди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот