Токио 2020: Нема да се одложат церемониите околу олимпискиот оган!

фото: твитер

После соопштението објавено од Интернационалниот олимписки комитет, и од грчкиот Олимписки комитет се сигурни дека коронавирусот нема да биде пречка.

Церемонијата за палење на олимпискиот оган на 12 март 2020 во античка Олимпија, штафетното предавање низ 31 грчки град и церемонијата во Атина за предавање на организаторите на летните Олимписки игри во Токио, нема да се одложат поради коронавирусот, соопштија од грчкиот Олимписки комитет по денешниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина.

На претходниот состанок одржан во вторникот, беше одлучено да се откажат предвидените ручеци и приеми во античка Олимпија.

Воедно беше одлучено значително да се намали бројот на акредитации, генералната проба за палење на огнот да биде без публика, како и секои два дена да се прави анализа на ситуацијата и обработка на податоците, доколку бидат потребни дополнителни мерки за церемониите.

Потсетување дека наредните Летни олимписки игри 2020 ќе се одржат во периодот од 24 јули до 9 август.

Претходно од Интернационалниот Олимписки комитет пред два дена објавија соопштение дека и покрај ризикот поради коронавирусот, Олимпијадата нема да биде откажана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот