Калиопи/Фото: „Слободен печат“/Методи Здравев

Тој е најчесто во право: Ретка ретро приказна за Калиопи и Ромео Грил

На социјалните мрежи се појави ретка ретро приказна за легендарното македонско дуо Калиопи и Ромео Грил. Станува збор за слика од насловна страница извадена од некогашниот популарен магазин „Екран“.

На сликата домнинира нивниот препознатлив имиџ од 1980-тите кога беа брачна двојка и музичко дуо.

Приказната за Калиопи и Ромео започнува во раните 1980-ти години, кога ја основаат групата „Калиопи“. Ромео Грил како композитор и аранжер, а Калиопи Букле како вокал, создадоа бренд кој брзо ги надмина границите на Македонија. Нивната соработка донесе хитови кои и денес, по повеќе од 30 години, станаа евергрини.

Калиопи и Ромео беа во брак, а по нивното разделување и паузата која ја направија, многумина мислеа дека е завршено со нив. Тие сепак го надминаа приватниот проблем и продолжија да функционираат како брилијантен професионален тим.

Ромео Грил е авторот кој стои зад нејзиното големо евровизиско враќање со моќната „Црно и бело“ (Евровизија 2012), како и зад подоцнежниот евровизиски хит „Дона“ (2016). Ова само докажа дека нивната формулата за успех е безвременска. Тој е автор на многу хитови, меѓу кои и песните од актуелниот албум, „Албум“.

– Ромео е, пред сѐ, голем професионалец. Тој секогаш совршено знае што сака да постигне додека создава една песна и што бара од своите соработници. Јас во студио потполно им се препуштам на неговите сугестии, бидејќи бескрајно верувам во неговите продуцентски способности. Сме знаеле и да се искараме во студио, како не! Но тоа биле конструктивни кавги, во име на продуктивноста во работата, кои секогаш завршувале со смеа правејќи шеги на своја сметка. Најчесто тој е оној кој е во право, но умее многу добро да го прати и почитува мојот внатрешен глас“, рече Калиопи во претходно интервју за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот