Тодоров: Потребни ни беа три тројки за да имаме подобар резултат

фото: kfsm.mk

Селекторот на македонската кошаркарска сениорска репрезентација после мечот во Перм истакна дека беа затворени добрите страни на Русија…

Втор натпревар и втор пораз за Александар Тодоров како селектор на репрезентацијата на Македонија. Во Перм покажавме многу, многу повеќе во однос на премиерата во Скопје, против Естонија, но и под Урал, забележавме пораз. Русија беше подобра за десет поени (77:67).

– Ги затворивме добрите страни на Русија, споредено со она што играа со Италија. Ние сме репрезентација на која системот ѝ се базира на шутеви за три. Потребни ни беа само три тројки за да имаме подобар резултат – рече селекторот на Македонија, Александар Тодоров.

Тодоров беше запрашан зошто нашиот тим не користи натурализиран играч на надворешните позиции, како на времето, кога во таа улога го имавме Лестер Бо Мекејлеб.

– Моја идеја е да имаме домашни играчи на оние бековски позиции, па оттука како солуција да игра на центарската е Витингтон – беа зборовите на Тодоров за изборот на натурализираниот кошаркар во нашиот национален тим за овој февруарски прозорец на ФИБА.

Предводникот на нашата репрезентација додаде уште нешто нa прес-конференцијата по мечот во „Молот“ арената.

– Кошарката беше спорт број еден во Македонија, сега тоа е ракометот. Се бориме да се вратиме на врвот, луѓето дојдоа, нè поддржаа со Естонија и мислам дека го препознаа тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот