Точките се наизоставен моден тренд ова лето: Ви ги претставуваме најубавите фустани со овој дезен! (ФОТО)
Ова лето точките се неизоставен дел од летните трендови, а на фустаните тие навистина делуваат божествено…
Модните дизајнери на своите ревии уште во текот на зимата и пролетта, ги најавуваа точките кои се вратија на голема врата. Ретро мотивот кој го носеле нашите баби – повторно е ин!
Ново-стариот тренд со големо задоволство го прифатија и модните инфлуенсерки, па така можеме да видиме најразлични делови од облека со овој мотив на многу блогови и Инстаграм профили.
Точките се застапени на различни предмети, во ситен и покрупен формат и во најразлични комбинации на бои и материјали.
Меѓутоа, дизајнерите сепак, кога станува збор за дезенот со точки, акцентот го ставија на најженствениот предмет – фустаните!
Фустаните со точки можете да ги носите на плажа, но и на свадба, а сето тоа зависи од нивниот крој, дали станува збор за класичен модел или елегантен и префинет.
Мора да се сложиме дека овој винтиџ дезен зрачи со женственост и елеганција, а во исто време е свеж и разигран, со еден збор – вистински летен дезен!