ТИВОК УБИЕЦ: Ова се најчестите симптоми на рак на јајници

матка јајници

Ракот на јајници има висока смртност бидејќи симптомите често може погрешно да се протолкуваат и да не се направи потребниот преглед.

За жал, многу жени го откриваат во доцни стадиуми, кога веќе се проширил и на околните органи, а шансите за лечење се премали.

Обрнете внимание на следниве симптоми:

Постојана подуеност

Ако подуеноста трае подолго од три недели, закажете преглед и кај вашиот гинеколог. Најчесто се работи за дигестивни нарушувања, но не го исклучувајте ни ракот на јајниците како можна опција.

Болка во долниот абдомен и карлицата

Размислете и проценете каде најмногу чувствувате болка. Дали е тоа во долниот дел од стомакот, во грбот или во белите дробови? Дали имате поинтензивни болки при менструација? Дали крварењето трае подолго од обично? Обрнете внимание на сите можни знаци.

Губење апетит и брзо заситување

Ако забележите значаен пад на апетитот или се заситувате од малку храна, а сте ги исклучиле дигестивните проблеми како можен предизвикувач, време е за детален гинеколошки преглед.

Засилена потреба од мокрење

Ако постојано имате потреба од мокрење, дури и кога не пиете премногу вода, можеби карциномот притиска врз мочниот меур и прави да го чувствувате полн.

Следете ги своите симптоми и секако, постапувајте одговорно со себе и своето здравје и не ги пропуштајте редовните гинеколошки прегледи. Само на тој начин можете да ги спречите тешките заболувања или да ги откриете во стадиум во кој е лесно да се излечат.

Познатата глумица од шпанските теленовели ја загуби битката со ракот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот