Познатата глумица од шпанските теленовели ја загуби битката со ракот

Мексиканската актерка и танчерка Едит Гонзалез ја загуби битката со ракот и почина на 54-годишна возраст.

Гонзалез работеше за Телевиса, Телемундо и ТВ Азтека.

Актерката има една ќерка родена во 2004 година со мексиканскиот политичар Сантијаго Крил.

Во 2010 година, Гонзалез се омажи за Лорензо Лазо Маргаин.

На популарната актерка и беше дијагностициран рак на јајчник од IV стадиум во 2016 година.

Иако светот ја знае по огромниот број улоги во серии и филмови, кај нас е најзапомнета по сериите „Саломе“, „Мундо де фјерас“ и „Доња Барбара“.

 

View this post on Instagram

 

#tenyearchallenge

A post shared by Edith Gonzalez Lazo (@edithgonzalezmx1) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот