Тито спиел со масерки, а Јованка не била добра за неговото здравје: Снежана Савиќ во улога на Јованка Броз

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Aктерката Снежана Савиќ (68) ја игра главната улога во новата српска документарно-играна серија „Јованка Броз и тајните служби“, која почна да се прикажува на РТС.  Таа ја глуми Јованка Броз, сопругата на Тито, во подоцнежните години.

Савиќ исцрпно се подготвувала веродостојно да ја долови Јованка Броз.

– Тоа е приказна за една епоха и за времето коешто овие личности ги одбележале со Јосип Броз Тито на чело, како и со неговата придружничка Јованка. Таа е народен херој, офицер и жена која била одликувана за храброст во војната, една од најубавите жени во светот која отсекогаш пленела со својот изглед. Тука има многу нераскажани приказни. Се шпекулираше дека била строга, перфекционистка, ги отпуштала сите оние што не ѝ се допаѓале од различни причини. Јованка била исклучително силна жена – навела Савиќ.

– Кон крајот на животот на Тито, кога не биле во одлични односи, таа добила покана да ја прослави Новата година со него. Јованка не се согласила на тоа, бидејќи претходно Тито беше вмешан во аферата со две масерки, кои таа потоа ги нарекла конкубини. Повеќепати истакнувала дека многу трпела само од инает и зборувала дека ги надживеала сите свои непријатели – рекла Снежана.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FILMITV.RS (@filmitv.rs)

Актерката за „Блиц“ открила како се подготвувала за улогата.

– Проучував многу за неа. Нејзината личност, начинот на кој зборуваше, одеше, нејзината боја на гласот, интонацијата. Се обидов колку што е можно, се разбира со мерка, сето тоа да го пренесам на публиката. Јованка ќе биде прикажана на веродистоен начин. Физички потсетувам на неа, имаме слични црти на лицето. Костимите и маската дополнително придонесоа за да потсетувам на неа – истакнала актерката.

Актерката вели дека ја игра Јованка пред разделбата со Тито, кога отишла во изолација и кога ретко се среќавале.

– Верзијата на приказната на Јованка е дека успеале да го разделат од неа, бидејќи таа наводно ја сакала власта и сакала да го преземе тронот. И на крајот, успеале да го разделат Тито од Јованка, бидејќи таа премногу се мешала во сѐ, поставувала разни услови. Многумина тврдат дека тоа на некој начин му пречело на Тито. Тоа е мое лично видување. А, можеби времето го прави своето, можеби само му здодеала. Жена која постојано го притиска. Биле убедени дека таа му штети на неговото здравје и дека тој треба да биде сам. Ја разделиле од Тито затоа што премногу се мешала во политиката – заклучила Савиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот