Тинејџери се уапсени за крвавото пукање на роденденска забава во САД
Неколку дена по пукањето на забава за 16-ти роденден во Алабама, двајца тинејџери се уапсени и обвинети за четири убиства.
Препорачано
Како што пишува CNN, Таџ Реик МекКалоу (17) и Тревис Мекалоу (16) се осомничени дека пукале во тинејџери на забавата. Локалната полиција соопшти дека ќе одговараат за уште неколку кривични дела бидејќи најмалку 15 тинејџери се ранети. Вчера Би-Би-Си јави дека се ранети 32 тинејџери.
И двајцата осомничени тинејџери ќе бидат обвинети како возрасни, изјави локалниот обвинител Мајк Сегрест.
„Во болницата се уште има четворица повредени и тие се во критична состојба“, рече Сегрест.
Прославата на 16-тиот роденден во градот Дејдвил, Алабама, се претвори во масакр кога во саботата вечерта беа убиени четворица, а неколку други беа ранети. Пукањето се случило во центарот на Дејвил околу 22:34 часот по локално време.
Меѓу убиените е Филставиус Даудел – надежен американски фудбалер и брат на роденденската девојка Алексис, која за Би-Би-Си изјави дека нејзиниот брат и го спасил животот и дека починал во нејзините раце.
ВИДЕО: Нов крвав инцидент во САД: Четворица тинејџери убиени во пукање на прослава на 16-ти роденден


