ВИДЕО: Нов крвав инцидент во САД: Четворица тинејџери убиени во пукање на прослава на 16-ти роденден

Фото: Твитер / принтскрин

Во масовно пукање на роденденска забава во американската држава Алабама синоќа, убиени се четворица тинејџери, а повеќе од дваесет луѓе се повредени, јавуваат американските медиуми.

Пукањето се случило околу 22.30 часот по локално време во гратчето Дејдвил, на прослава на 16-ти роденден во просториите на танцово студио, пренесува „Би-би-си“.

На социјалните мрежи е објавена морничава снимка на која се гледа како едно момче испукува повеќе куршуми кон друго, кое се обидува да избега, додека наоколу сите трчаат.

Полициските власти засега не соопштуваат информации за напаѓачот или напаѓачите, како ни за околностите во кои се случил крвавиот инцидент.

На Фејсбук неколку часа по пукањето беше објавено видео на кое двајца ученици вперуваат пиштоли во камерата и му посакуваат на пријател ранет во пукањето побрзо да оздрави. Не е јасно дали момчињата кои се гледаат на видеото учествувале во синоќешниот инцидент.

Од почетокот на годината, во САД се случија најмалку 163 масовни пукања. Меѓу убиените се 75 деца под 11 години, како и 43 тинејџери меѓу 12 и 17 години, покажуваат податоците на организациите кои се борат за ограничување на пристапот до оружје во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот