Тиафо: Новак, Рафа, Федерер се голем проблем за сите

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Тенисерот од САД објасни зошто ниеден Американец не победил на грен-слем турнир од 2003 година

Тениските фанови во Соединетите Американски Држави долго време чекаат да видат еден од нивните играчи како крева трофеј на грен-слем турнир. Последен беше Андре Агаси, во 2003 година на Австралија опен.

Запрашан од новинарите кога Американец ќе триумфира на некој грен-слем, американскиот тенисер Френсис Тиафо го даде истото објаснување кое го даваат многумина други тенисери од други националности.

– Да, тоа прашање се поставува многу често. Но не мислам дека тоа е поврзано со националноста. Мислам дека тоа е прашање на Новак, Рафа, Федерер. Мислам дека тие се голем проблем за сите. Некој од нас ќе стигне до полуфинале, финале, а можеби и ќе победи следните неколку години. Зошто да не? – изјави Американецот.

Френсис Тиафо во моментов е на 27. место на АТП ранг-листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот